Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, поднесе оставка
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/03/dzek-dorsi-prv-tvit.jpg)
Основачот и извршен директор на Твитер Џек Дорси денеска поднесе оставка како прв човек на оваа социјална мрежа и но ќе остане член на менаџментот на Твитер најмалку до следната година.
Технолошкиот директор на Твитер, Параг Агравал, ќе ја преземе функцијата на извршен директор.
– Одлучив да го напуштам Твитер затоа што верувам дека компанијата е подготвена да тргне понатаму од своите основачи. Мојата доверба во Параг како директор е голема. Неговата работа во изминатите 10 години беше трансформативна. Длабоко сум му благодарен за неговите вештини, срцето и душата. Време е за водечка улога, ја пренесе Си-Ен-Ен изјавата на Дорси.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/11/parag-aragval-tviter-ceo.jpg)
Дорси се огласи и на Твитер каде напиша дека тоа е само негова одлука.
– Тешко ми беше, се разбира. Ја сакам оваа мрежа, компанијата, ве сакам сите, многу. Од една страна тажен сум, од друга среќен. Нема многу компании кои го достигнаа ова ниво. И нема многу основачи кои ја избираат благосостојба на компанијата пред своето его. Знам дека ќе докажеме дека ова беше вистинскиот потег, напиша Дорси.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/11/jack-dorsey-twitter.jpg)
По објавувањето на оваа вест, акциите на Твитер скокнаа за 11 проценти.
Покрај Твитер, Дорси ја поседува и дигиталната финансиска компанија Сквер.