Извозот од Британија во ЕУ паднал за 68 отсто
Извозот од Велика Британија во Европската унија се намали за 68% во јануари, откако трговијата беше нарушена по крајот на преодниот рок по заминувањето на Велика Британија од Европската унија, според трговското тело што претставува превозници.
Владата не ги потврди податоците и рече дека нарушувањето на границата е минимално откако Велика Британија го заврши патувањето надвор од орбитата на ЕУ во 2020 година по договорот за трговски аранжмани.
Од почетокот на годината, деловните субјекти и превозниците мораа да се прилагодат на новите трговски аранжмани, вклучувајќи ги и новите системи за компании и официјални лица во британската провинција Северна Ирска.
Некои бизниси се бореа со нови царински декларации и здравствени сертификати бидејќи пандемијата на корона вирусот ги погодува и фирмите.
Меѓународните членки на Здружението за патен превез (РХА) објавија пад на извозот од 68 отсто во јануари, објави групата на Твитер.
„Сметам дека е длабоко фрустрирачки и вознемирувачки што министрите избраа да не ја слушаат индустријата и експертите“, изјави извршниот директор на РХА, Ричард Бурнет, за весникот „Обсервер“.
Владата рече дека се ангажира со секторот и дека „не ја признава бројката дадена за извозот“.
„Благодарение на напорната работа на транспортерите и трговците да се подготват за промена, нарушувањето на границата досега беше минимално и товарните движења сега се близу до нормалното ниво, и покрај пандемијата COVID-19“, се вели во соопштението. (Ројтерс)