Извлечени двојките за плејофот за ЕП 2024
Нион – Во Нион денес беа извлечени паровите за плејофот за пласман на Европското фудбалско првенство 2024.
Ждрепката одлучи Велс да игра со Финска, Израел да се соочи со Исланд, а Босна и Херцеговина со Украина.
Сите плејоф двојки за ЕП 2024:
Лига А: Полска – Естонија, Велс – Финска.
Победникот од вториот пар ќе игра на домашен терен во финалето.
Лига Б: Израел – Исланд, Босна – Украина.
Победникот од вториот пар ќе биде домаќин на финалето.
Лига Ц: Грузија – Луксембург, Грција – Казахстан.
Победникот од првата двојка ќе биде домаќин на финалето.
Полуфиналните сребри ќе се играат на 21 март 2024 година, а финалните на 26 март 2024 година.
Тројцата победници од финалето ќе учествуваат на Еуро 2024 година во Германија.