Извештај за НЛО на НАСА: Што научивме од студијата за неидентификувани аномални феномени
Истражувањето на НАСА за стотици забележани НЛО откри дека нема докази дека вонземјаните стојат зад необјаснетите феномени, но вселенската агенција исто така не можеше да ја исклучи таа можност.
Ако вистината е таму некаде, овој долгоочекуван извештај не нуди убедливи докази.
Но, наведува како НАСА ќе ги истражи, како што ги нарекува UAPs (неидентификувани аномални феномени) со подобрена технологија и вештачка интелигенција.
Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, рече дека американската вселенска агенција не само што ќе ја преземе водечката улога во истражувањето на можни инциденти со UAP, туку и ќе ги споделува податоците со поголема транспарентност.
Извештајот има 36 страници со доста технички и научни опсервации, па еве некои од клучните информации.
Нема доказ дека вонземјаните постојат, но можеби постојат
На последната страница од извештајот се вели дека „нема причина да се заклучи“ дека вонземски извори стојат зад стотиците видувања на UAP што ги истражи НАСА.
„Сепак … тие објекти мора да патувале низ нашиот Сончев систем за да стигнат овде“, се вели во извештајот.
Иако извештајот не заклучи дека постои вонземски живот, НАСА не ја негираше можноста за „потенцијална непозната вонземска технологија во атмосферата на Земјата“.
Ограничена количина на UAP податоци
Никола Фокс, помошничка администраторка на Дирекцијата за научна мисија на НАСА, рече: „УАП се една од најголемите мистерии на нашата планета“ и тоа е главно поради недостигот на висококвалитетни податоци.
И покрај бројните пријавени видувања на UAP, г-ѓа Фокс рече дека обично нема доволно податоци што „може да се користат за да се направат дефинитивни научни заклучоци за природата и потеклото на UAP“.
Фокс соопшти дека НАСА назначила нов директор за истражување на UAP за да „воспостави силна база на податоци за евалуација на идните податоци“.
Директорот ќе користи вештачка интелигенција и машинско учење во процесот на собирање и анализа на податоци.
НАСА ги преиспитува виралните фотографии на „вонземјани“ од Мексико
Новинарот на БиБиСи, Сем Кабрал, го праша панелот на НАСА за серијата фотографии на наводни вонземјани кои им беа презентирани на мексиканските власти претходно оваа недела.
Самопрогласениот експерт за НЛО, Хаиме Маусан, на сослушување во Конгресот претстави два антички „нечовечки“ трупови на вонземјани. Тој тврдеше дека телата биле пронајдени во Куско, Перу, во 2017 година и оти тестирањето на радиојаглеродот покажало оти се стари до 1.800 години.
Автентичноста на примероците беше дочекана со голем скептицизам во научните кругови, а самиот Маусан претходно имаше тврдења за вонземски живот кои беа дискредитирани.
Научникот на НАСА, д-р Дејвид Спергел, изјави за Би-Би-Си: „Направете ги примероците достапни за светската научна заедница и ќе видиме што има таму“.
Идентитетот на новиот шеф за НЛО останува мистерија поради заканите
Ќе има нов директор на НАСА за истражување на UAP – но нивниот идентитет останува мистерија.
Деталите за улогата и колку ќе бидат платени останаа нејасни за време на брифингот во четвртокот, имајќи предвид дека НАСА вети дека ќе биде потранспарентна со своето истражување на UAP.
Една од причините за ова може да биде заштитата на новиот директор од какво било потенцијално јавно вознемирување.
Доктор Даниел Еванс, помошник заменик вонреден администратор за истражување на НАСА, рече дека членовите на истражувачкиот панел на UAP добиле „вистински закани“.
Тој рече дека НАСА ја сфаќа сигурноста и безбедноста на тимот „исклучително сериозно“ и дека заканите одиграле улога во одлуката да не се објави името на директорот за истражување на UAP.
НАСА препорачува користење на алатки за вештачка интелигенција
Вештачката интелигенција и машинското учење се „суштински алатки“ за идентификација на UAP, се вели во извештајот.
Јавноста исто така се смета за „критичен аспект во сфаќањето на UAP“.
НАСА, која нагласи дека еден од нејзините најголеми предизвици за подобро сфаќање и идентификување на UAP е недостигот на податоци, има за цел да го покрие тој јаз преку техниките на прибирање податоци од јавноста.
Ова вклучува „апликации на паметни телефони со отворен код“ и други метаподатоци за паметни телефони од „повеќе граѓани набљудувачи ширум светот“.
Во моментов не постои стандардизиран систем за собирање и организирање на цивилни извештаи за UAP, се вели во извештајот, „што резултира со ретки и нецелосни податоци“.
(Би-Би-Си)