Изречени 624 санкции поради неносење заштитна маска

Во текот на изминатиот ден регистрирани се вкупно 624 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, информираат од МВР.
Од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид кризата.