Израелскиот премиер нареди „продолжување на напорите“ за ослободување на заложниците во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му нареди на израелскиот тим преговарачи за примирје во Газа да „продолжат со напорите“ за да обезбедат гаранции дека ќе бидат ослободени заложниците кои се уште ги држи радикалната палестинска група Хамас во енклавата, соопштија од кабинетот на премиерот.
-Бенјамин Нетанјаху вечерва имаше средба за заложничката проблематика со преговарачкиот тим и високи безбедносни функционери, се вели во вчерашното соопштението.
„Премиерот даде инструкции дека треба да продолжат напорите за забрзување на ослободувањето на заложниците“, се додава во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху.
Во меѓувреме, претставник на Хамас изјави дека движењето сè уште го подготвува својот одговор на израелскиот предлог за прекин на огнот.