Израелскиот министер за здравство: Вакциниравме петтина од населението
Во Израел за три недели, против корона вирус вакцинирани се 20 отсто од населението, соопшти министерот за здравство Јули Елекстејн. Тоа е најголема кампања на вакцинирање во историјата на земјата.
„Завршивме три недели од кампањата „Враќање во живот“ со одлични вести“, објави Еделстејн утрово на Твитер, истакнувајќи дека 1.817.000 од 9,2 милиони жители ја примиле вакцината односно првата доза од „Фајзер/Бионтек“.
Сакаат да ги вакцинираат сите постари од 16 години
Еделстејн и премиерот Бенјамин Нетанјаху први ја примија втората доза вчера во болницата „Шеба“ кај Тел Авив.
Првата доза ја добија на 19 декември, со што беше одбележан почетокот на масовната кампања со која Израел стана земја со најмногу вакцинирани. Владата до крајот на март сака да ги вакцинира сите кои имаат повеќе од 16 години.
Со дневна бројка нови случаи која нарасна на околу 8.000 откако е ублажен вториот локдаун во октомври, Израел оваа недела го заостри третото затворање.
Во меѓувреме откриени се првите четири зарази со јужноафриканскиот сој на вирусот, а досега во земјата до последиците до Ковид-19 починаа 3.645 луѓе.