Израел претвори околу 30 отсто од Појасот Газа во тампон-зона во која Палестинците не можат да живеат


Израелската армија денеска соопшти дека трансформирала околу 30 отсто од Појасот Газа во „безбедносен периметар“.

Тоа е тампон-зона во која не може да живее палестинско население.

Во соопштението, армијата информира дека погодила околу 1.200 „терористички цели“ од воздух и извршила повеќе од 100 „целни убиства“ откако ја продолжи офанзивата на палестинска територија на 18 март, по двомесечен прекин на огнот.