Израел почна копнен напад во Газа
Израелската армија вечерва соопшти дека „копнените трупи“ започнале со напади во појасот Газа, по неколкудневните воздушни напади и поттикна страв од копнена инвазија.
„Воздушните и копнените трупи на [Израелските воени сили] во моментов напаѓаат во Појасот Газа“, рече армијата во соопштението непосредно по полноќ по локално време, без да даде други детали.
Набргу потоа, во очигледна референца за операцијата, премиерот Бенјамин Нетанјаху објави на Твитер: „Последниот збор не беше кажан и оваа операција ќе продолжи се додека е потребно“.
Израел спроведува интензивно бомбардирање на Газа од воздух и со артилерија на северниот дел од Појасот. Медиумите поврзани со Хамас тврдат дека имало 150 израелски воздушни напади во последните неколку минути. Според властите на Газа досега загинале 109 Палестинци, од кои 28 се деца.