Изработен Нацрт ЛЕАП 3 на Град Скопје и Нацрт извештај СОЖС за планскиот документ

Фото: Б. Грданоски

Изработен е Нацрт-локален еколошки акционен план – ЛЕАП 3 на Град Скопје за период 2020-2026 година и Нацрт Извештај за стратегискао Оценка на животната средина – СОЖС за ЛЕАП 3 на Град Скопје за период 2020-2026 година, соопшти Град Скопје.

Согласно постоечката законска регулатива, ЛЕАП-от и СОЖС се достапни за јавен увид на веб страницата на Град Скопје.

– За да се обезбеди учество на јавноста, ги молиме сите заинтересирани страни, доколку имаат забелешки, предлози и мислења во врска со нацрт Извештајот, да ги достават до 6 ноември 2020 година преку е-маил до Kristina.Spasikj@skopje.gov.mk или по пошта на следната адреса: Град Скопје, Сектор за заштита на животната средина, булевар „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, се вели во соопштението.