Изгаснат е пожарот во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски”


Изгаснат е пожарот близу спортскиот центар „Борис Трајковски“, известува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според нив, повеќе нема опасност од проширување и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина.

Во гаснењето на пожарот учествувале 10 пожарникари со 5 возила. Исто така, биле вклучени и две цистерни од ЈП Комунална хигиена како и механизација од општина Карпош.

Утрово во 10.36 часот пожарот бил пријавен на кејот на реката Вардар зад хотелот Александар Палас и станува збор за запалена дива депонија на површина од околу 5.000 квадратни метри. 

 

Веќе неколку години во текот на зимата овој простор се трупа со ѓубре, а потоа на лето се пали, по што депонијата понекогаш гори со денови.