Избран нов градоначалник на Нови Сад


Градското собрание на Нови Сад го избра Жарко Миќин за градоначалник.

За него гласаа сите 45 присутни советници, а опозицијата не учествуваше во работата.

За заменик градоначалник е избран Ѓураѓ Јакшиќ, кој беше и заменик на претходниот градоначалник Милан Ѓуриќ, а беа избрани и градски советници.

Како што изјави Миќин во своето излагање, еден од приоритетите ќе биде контролата на сите градски објекти, како и продолжување на капиталните проекти на Милан Ѓуриќ.

Опозицијата се спротивстави на изборот на Миќин, наведувајќи дека актуелната власт го изгубила легитимитетот и нема морално право да избира градоначалник и градски совет.

Тие ги повикаа граѓаните на протест пред градското Собрание каде утрово се собра голем број луѓе пред почетокот на седницата. На градското Собрание, граѓаните фрлаа со јајца, а дојде и до физички судир со полицијата, при што биле повредени неколку лица.