Изборната комисија на Романија ја отфрли кандидатурата на националистот Георгеску

Романското изборно тело во неделата ја отфрли кандидатурата на Калин Георгеску на повторените претседателски избори, откако екстремно десничарскиот популист победи во првиот круг од минатогодишната трка пред највисокиот суд да ги поништи изборите, пренесе АП.
62-годишниот Георгеску поднесе својата кандидатура во петокот во главниот град Букурешт, по што Централното изборно биро имаше 48 часа да се регистрира или одбие. Сè уште не е јасно врз која основа е одбиена неговата кандидатура, но комисијата соопшти дека целосниот текст на одлуката подоцна ќе биде објавен на нејзината веб-страница. Во рок од 24 часа Герогеску може да се поднесе жалба до Уставниот суд.
Георгеску има проруски ставови и неодамна изјави дека сака Романија да ја извади од НАТО.