Изборите завршија: Аднан Азизи од „Вреди“ е последниот пратеник


Фото: Б. Грданоски

 

Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во Шестата Изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на „Европскиот фронт“ за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино. 

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица Коалицијата „Европски фронт“ има осум мандати, „Вреди“ исто така осум, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ три и Коалицијата на СДСМ еден. 

На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од „Вреди“ ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.