Изборите во Бугарија ќе се одржат на 28 март

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, најави дека парламентарните избори треба да се одржат до 28 март идната година. Мандатот на 44-от парламент истекува на крајот на март, а според уставот, изборите може да се одложат до два месеца, до крајот на мај. Датумот на изборите се одредува со указ на шефот на државата 60 дена пред изборите, но е координиран меѓу институциите. Заради пандемијата на коронавирусите, веќе се слушнаа коментари дека изборите треба да се одложат.
„Изборите мора да се одржат на време, со испорачани машини и лиценцирани, како што налага законот, и со сите мерки да се гарантира правото на секој Бугарин да гласа и да се минимизира ризикот по неговото здравје. Треба да се создадат неопходните услови од сите државни органи од кои зависат – изборната администрација, извршната и законодавната власт“, објави денеска Румен Радев, одговарајќи на прашања од новинари. Според сегашното законодавство за избори, постои можност денот на изборите да започне два часа порано, т.е. во 5 часот наутро.
Радев исто така рече дека треба да се смират емоциите во преговорите меѓу Софија и Скопје, а елиминацијата на антибугарската реторика и признавањето на историската вистина од Северна Македонија треба да стане неповратен процес за за нејзин пристап во Европската унија.