Избодено младо момче во Скопје
Дваесет и двегодишно момче синоќа било избодено во Шуто Оризари.
МВР информира дека од Градската општа болница Св.Наум Охридски било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен С.Б.(22) од Скопје. Според пријавеното, настанот се случил во Шуто Оризари, а повредите му ги нанел З.Б.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.