Ивановиќ: Реално е да се очекува дека Црна Гора ќе стане членка на ЕУ во 2028 година
Потпретседателот на Владата на Црна Гора за надворешни и европски прашања, Филип Ивановиќ, смета дека е реално да се очекува дека со континуираната силна посветеност и на Подгорица и на Брисел, Црна Гора ќе стане членка на Европската унија во 2028 година.
Ивановиќ ова го изјави на 19. стратешки форум што се одржа во Блед, каде што зборуваше на маргините на средбата со високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, специјалните претставници на Словенија и на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Андреј Франгеш и Лорд Стјуарт Пич како и со претставници на Атлантскиот совет од Вашингтон.
Во разговорот, се додава, Ивановиќ ги потсетил соговорниците дека Црна Гора е првата земја која ги исполнила преодните критериуми во клучните поглавја од преговорите, како и дека до крајот на оваа година ќе затвори неколку поглавја и дека планот на Владата е да ги затворат сите поглавја до почетокот на 2027 година