Италијанските претставници на Евровизија се соблекоа голи и ги полудеа жените
Махмуд и Бланко, кои со песната „Бривиди“ ќе ја претставуваат Италија на овогодинешниот Евросонг, позираа целосно голи за насловната страница на магазинот „Венити фер“

Годинешните претставници на Италија на Евровизија, пејачите Махмуд и Бланко, се појавија на насловната страница на италијанското издание на магазинот „Венити фер“ (Vanity Fair) целосно голи.
Дуото кое победи на италијанскиот музички фестивал во Санремо со песната „Бривиди“, интимните делови ги покриваше само со дланките, а со извајаните тела ги полудеа жените.
Фотографијата со која Махмуд и Бјанко се пофалија на својот Инстаграм, а беше објавена на официјалниот профил на магазинот во цензурирано издание, за неколку часа собра повеќе од половина милион лајкови и предизвика лавина коментари за згодните пејачки. .
Инаку, нивната песна „Бривиди“ веќе е еден од фаворитите за победа на Евровизија.
Махмуд веќе ја претставуваше својата земја на Изборот за песна на Евровизија 2019 година со песната „Солди“, и заврши на второто место, а победата тесно му припадна на Холанѓанецот Данкан Лоренс и песната „Аркада“.
Изборот за песна на Евровизија оваа година ќе се одржи од 10 до 14 мај во Торино, откако Италија победи на минатогодишниот натпревар со настапот на групата Манескин.
View this post on Instagram