Италија се надева дека ќе ја обнови испораката на руски гас


 

Италијанската енергетска компанија „Ени“ соопшти дека испораката на руски гас може да се обнови неделава.

Застојот е предизвикнан од регулаторните прашања во Австрија, а не од геополитика, се наведува во соопштението, пренесуваат медиумите.

„Ситуацијата би можела да се реши пред крајот на оваа недела“,. изјави извршниот директор на „Ени“, Клаудио Дескалци, велејќи дека падот на текот од рускиот „Гаспром“ преку влезната точка Теривисио во северна Италија, кој е идентификуван во саботата, поврзан со комерцијални причини.

„Тоа е поради фактот дека „Гаспром“ мора да плати парична гаранција за транспорт на гас од Австрија во Италија што порано не беше случај“, рече Дескалци и додаде дека гаранцијата изнесува 20 милиони евра.

Според зборовите на генералниот директор, „Ени“ проверуваше дали италијанската група мо
е да го замени „Гаспром“ или австрискиот оператор за физички трансфер на руско гориво кое веќе го има во Австрија.