Италија погодена од зимски бран (фото/видео)
Италија е погодена од зимски бран со снежни врнежи на ниски надморски височини и временски предупредувања низ целата земја.
Студениот фронт донесе дожд, бури и снег, а во текот на денот се спушти и до 200-300 метри надморска височина на север и 700-1000 метри во централните области.
За викендот се очекуваат нови снежни бури и температури под сезонскиот просек.
Вклучен е временскиот аларм
Националната служба за цивилна заштита издаде жолто временско предупредување за Абруцо, Базиликата, Лацио и Молизе, додека Емилија Ромања веќе активираше предупредувања поради можни лизгања на земјиштето, ненадејни поплави, силни ветрови и снег.
Severe flooding due to heavy rain in Sapri, Salerno Province, Italy (19.11.2025)https://t.co/sOzINxORvS pic.twitter.com/gJ7jEvgDuO
— Michael Burea Angermannus (@BureaAngerman) November 20, 2025
На Апенините се најавени врнежи од дожд од 5 до 15 см во ридските области и од 15 до 30 см во планинските области, со силен североисточен ветер што може да достигне 70 км/ч на брегот.
Морето ќе биде многу немирно, со ризик од ерозија и поплавување на крајбрежните области, објавува Раи Уно.
Во областа Трентино-Алто Адиџе, снегот веќе паѓа во пониските области.
Според метеоролозите, врнежите и понатамошно опаѓање на линијата на снегот до 500-700 метри, локално и пониско, се очекуваат до вечерта и во петок.
Мраз на патиштата
На патиштата во неколку делови, вклучувајќи ги Марилева, Вал ди Соле, Пасо Чела, Тонале и Кампиљо, е пријавено дека има мраз и снег.
Climate Awareness🚩Nov 17, 2025
🌊Flooding in Romans d'Isonzo, #Italy🇮🇹: 154 mm/6h, local rivers overflowed their banks
🌊Flooding in Gorizia, Friuli-Venezia Giulia 🇮🇹
⚠️Landslide in Cormons 🇮🇹
🌨️Consequences of wet snow sticking in Primorsky Krai, #Russia🇷🇺#MondayMorning #news pic.twitter.com/m4VWvaEwHv— Irene (@irene_makarenko) November 17, 2025
До петок навечер може да наврнат дополнителни 5-15 см снег над 900 метри.
Рива ди Турес во округот Болцано и други области на Јужен Тирол беа покриени со снег утрово, а се очекува температурите дополнително да паднат во текот на викендот.
Во Горица е отворена истрага за несреќата во близина на Кормонс, каде што лизгање на земјиште затрупа неколку куќи и одзеде два живота.
Обвинителството го води случајот како повеќекратно убиство од небрежност и предизвикување катастрофа, а наредени се обдукции на жртвите.
Според моменталните прогнози, се очекува Италија да продолжи со зимски услови до сабота, додека недела треба да донесе краткорочно разведрување пред можни нови слаби снежни врнежи на почетокот на следната недела.