Истрагата против Доналд Трамп стана криминалистичка
Организацијата „Трамп“, конгломерат во сопственост на семејството на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е предмет на криминална, а не повеќе само цивилна истрага, објави државното обвинителство во Њујорк во вторникот по локално време.
„Ја известивме Организацијата „Трамп“ дека нашата истрага за таа организација не е повеќе само цивилна“, рече Фабиен Леви, портпарол на државната обвинителка во Њујорк, Летиција Џејмс.
Конгломератот е група на околу стотина претпријатија поврзани со Доналд Трамп и нему блиски луше, како хотели, фирми за промет со недвижности и голфски терени.
Државниот адвокат од Менхетен Сајрус Венс, во 2018 година почна да истражува две испалти пред претседателските избори во 2016 година, по наводи на поранешни љубовници на Трамп со кои е купено нивното молчење.
Проширена истрага
Таа истрага сега е проширена на наводи за даночно затајување, истраги за лажно пријавување вредност на имот, за конгломератот да обезбеди поволно заеми, даночни олеснувања и економски профити.
Организацијата „Трамп“ засега не е едостапна за коментар, додаваат од агенцијата Ројтерс.
Поранешниот републикански претседател ја отфрла истрагата како политички мотивирана.
Истрагата се одвива без присуство на јавноста пред големата порота. Адвокатот Венс успеа во февруари да ја добие картичката со приходи на ДОналд Трамп во последните осум години како и приходите на Организацијата „Трамп“, по долга правосудна битка.
Трамп ја напушти Белата куќа во јануари и постојано ги отфрла обвиненијата за какви и да е малверзации, а истрагата ја нарекува „најголем политички лов на вештерки во историјата на земјата“.