Историски момент за Курдите и Турција: Движењето ПКК го послуша Оџалан и прогласи прекин на огнот


Откако лидерот на Курдистанската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан повика на разоружување на движењето ПКК, се огласи и извршниот комитет и ја прифати неговата наредба.

Во вонредното обраќање на Извршниот комитет на ПКК, беше наведено дека организацијата се согласува со содржината на повикот на лидерот и изјави дека ќе се усогласат и ќе ги спроведат барањата од овој повик.
„Ние се придржуваме до повикот на Очалан и прогласуваме прекин на огнот. Ќе го послушаме повикот на Очалан, прашањата како што е разоружувањето можат да се применат во пракса само со практичното раководство на Очалан“, изјавија тие.

Во соопштението на извршниот комитет на ПКК се наведуваат следниве точки:

– Како ПКК, се согласуваме со содржината на повикот таква каква што е и изјавуваме дека ќе се придржуваме и ќе ги спроведеме барањата од повикот од наша страна. Прогласуваме прекин на огнот како ефективен денеска.

– Се согласуваме со содржината на повикот таква каква што е и изјавуваме дека ќе ги почитуваме и имплементираме барањата на повикот. Сепак, сакаме да нагласиме дека за успех мора да се применат демократски политики и правни основи.

– За да го отвориме патот за спроведување на Повикот за мир и демократско општество, од денеска прогласуваме прекин на огнот.

Во својот претходен повик, Оџалан нагласи дека ПКК ја изгубила смислата на постоење поради внатрешни фактори, колапсот на реалниот социјализам во 1990-тите, промените во идентитетските политики во Турција и напредокот во слободата на изразување.

Затоа изјави дека верува дека е дојдено време да се распушти организацијата.

Оџалан, кој има 75 години, е затворен на островот Имрали од 1999 година, откако беше осуден за предавство. И покрај долгогодишната изолација, тој сè уште има силно влијание врз ПКК.