Ист гејт мол слави трет роденден во диско стил


Овој викенд, на 1,2 и 3 ноември 2024 година, Ист гејт мол го прославува својот трет роденден. Роденденската забава оваа година е повторно тематска, во диско и ретро стил.

“ Оваа година решивме повторно да направиме тематски роденден и да го прославиме во ретро и диско стил заедно со најдобрите македонски диско диџеи Вера Јанковиќ и Драган Б. Костиќ кои ќе се погрижат атмосферата во трговскиот центар да биде на највисоко ниво. Забавата во петок ќе започне од 17 до 20 часот, додека во сабота и недела ќе трае од 13 до 19 часот.
Оваа година го вратиме диското во едно поинакво време, барем за еден викенд претварајќи го трговскиот центар место за забава и дружење во ретро стил” – изјавиja од менаџментот на трговскиот центар.