Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул


Терористичката милиција Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот весник Амак, јави ДПА.

Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.

Пентагон: Двајца бомбаши самоубијци и вооружени напаѓачи на Исламска држава учествувале во нападот во Кабул

Најмалку двајца бомбаши самоубијци се разнесоа во терористичкиот напад на аеродромот во Кабул, соопшти американското Министерство за одбрана.

По детонациите, голем број борци од терористичката милиција Исламска држава отворија оган врз цивили и војници, рече американскиот генерал Кенет Мекензи, кој ја предводи американската Централната команда.

Во исто време, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот медиум Амак.

Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.

Генералниот секретар на ОН ги покани земјите со право на вето на средба за кризата во Авганистан

Со оглед на хаотичната и напната безбедносна состојба во Авганистан, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги покани земјите со право на вето и членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на состанок посветен на кризата.

Според дипломатски извори, амбасадорите на САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција во понеделник треба да се сретнат со шефот на ОН во Њујорк за да разменат мислења за ситуацијата.

Не се објавени повеќе детали за целите на планираната средба. Портпаролот на Обединетите нации не сакал официјално да ја потврди информацијата, јави ДПА.

Гутереш, преку неговиот портпарол Стефан Дујарик, остро го осуди нападот пред аеродромот во Кабул.

– Овој инцидент ја нагласува нестабилноста на ситуацијата на теренот во Авганистан, но исто така ја зајакнува нашата решителност додека продолжуваме да даваме итна помош низ целата земја за поддршка на авганистанскиот народ, напиша Гутереш на Твитер.