Исчезна авион со тројца патници во Чукотка, на рускиот Далечен Исток
Авион „Ан-2“ со три лица, управуван од авиокомпанијата „Стриж Авија“, исчезна во Чукотка на рускиот Далечен Исток, соопшти претставник за вонредни состојби, пренесе Тасс.
-Авионот полетал од Певек за Пољарна, но во закажаното време на слетување не бил контактиран. Во авионот има двајца членови на екипажот и еден патник, рече официјалниот претставник.
Иако е утврдена последната позната локација на исчезнатиот авион, тој се уште не е откриен, ниту пак е остварен контакт со него.
На местото на претпоставеното исчезнување од радарите се испратени спасувачи и доброволци со теренски возила, наведува Тасс.