Ирина Шајк се врати на модната писта по раскинувањето со Бредли Купер
По раскинувањето со актерот Бредли Купер, манекенката Ирина Шајк, беше прилично зафатена работата, а заблеска на ревијата по повод 90 години од LuisaViaRoma и Carine Roitfeld.
Ова е прва ревија на која манекенката прошета по раскинувањето со актерот.
Шајк се појави во две комбинации. За првото излегување одбра црн кожен фустан со долги кожни ракави, црни чорапи и штикли. Косата ѝ беше собрана во ниска пунџа.
За второто излегување убавицата носеше елегантен костум со длабок шлиц на здолништето под кое се наѕираа халтери.