Ирина Шајк пристигна во Венеција- убава и сама


Италија– По одморот на Бахамите со експартнерот и татко на нејзината ќерка Бредли Купер, рускиот супермодел Ирина Шајк  пристигна во сериозена костум на Венецискиот филмски фестивал.

Во саботата вечер присуствуваше на гала забавата во организација на Армани и Венити Фер. Блесна со супер стил, во пантолони и провиден горен дел.

Јавноста се прашува дали двојката ќе се смири и ќе ја продолжи врската. 

Годинашниот 79. филмски фестивал во Венеција ветува сè што го прави овој настан возбудлив – одлични филмови и гламурозни sвезди од А-листата на Холивуд, од Кект Бланшет до Тимоти Шаламе и Џулијан мур како претседател на жирито. 

Филмскиот фестивал во Венеција е најстариот во светот и еден од најпрестижните, заедно со оние во Кан и Берлин. Годинашното 79-то издание трае до 10 септември.