Иранскиот претседател ги повикува муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел


Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска ги повика муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел.

Пезешкијан ги даде овие забелешки пред самитот планиран во Доха како одговор на нападот на Израел минатата недела врз претставници на палестинското движење Хамас во главниот град на Катар.

-Можно е муслиманските земји да ги прекинат врските со овој фиктивен режим (израелски) и да го зачуваат своето единство и кохезија колку што е можно повеќе, рече Пезешкијан пред да замине за Катар.

Иранскиот претседател изрази надеж дека самитот ќе „донесе одлука“ за мерките што треба да се преземат против Израел.