ИОМ ги суспендира проектите ширум светот поради недостиг на американски средства


Агенцијата за миграција на Обединетите нации (ИОМ) соопшти дека ги намалува или прекинува проектите ширум светот и отпушта вработени по „огромното“ намалување на финансирањето од САД за 30 отсто.

Повеќе од 40 отсто од буџетот од 3,4 милијарди долари во 2023 година ИОМ доби од американската Влада.

– Намалувањето на финансирањето имаат сериозни влијанија врз ранливите мигрантски заедници, ги влошуваат хуманитарните кризи и ги поткопуваат виталните системи за поддршка на раселеното население. Светот е сведок на историски нивоа на раселување, но средствата за решавање на основните причини се намалуваат, се вели во соопштението на ИОМ, пренесе Ал Џезира.

За да се справи со буџетските кратења, ИОМ ќе ја прилагоди својата работа, вклучувајќи преместување на вработените на поевтини локации и негово намалување за 20 проценти.

Повеќе од 6.000 вработени ширум светот ќе бидат погодени од отпуштањата.

Меѓу проектите чие спроведување е прекинато се и некои во Судан и Демократска Република Конго, каде што милиони луѓе се раселени поради конфликти и глад. Засегнатите програми се однесуваат на превенција од колера, дистрибуција на засолништа за итни случаи и медицинска нега.