Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3 отсто, вели шефицата на ММФ


Робустните инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција (ВИ) го одржуваат глобалниот раст на околу 3% и носат значајни придобивки за многу азиски економии кои го снабдуваат пазарот со хардвер, како што е Тајланд, изјави денес директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Зголемувањето на инвестициите во вештачка интелигенција предизвика „шок на побарувачката и инвестициски шок“ што би можел да го зголеми растот во напредните економии во регионот за половина до еден процентен поен, а во економиите во развој во Азија за 0,2 до 0,8 процентни поени, рече таа.

„Токму ова поместување во поголема брзина го одржува глобалниот економски раст на околу 3%, и покрај шокот во снабдувањето со енергија што нè спречува“, рече Георгиева на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во главниот град на Тајланд.

Годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка започнуваат денес и траат до 18 октомври.

Меѓу главните теми се последиците од војната на Блискиот Исток и влијанието врз цените на енергијата и дизелот, високото ниво на глобален долг, цените на ѓубривата и климатските феномени како што е Ел Нињо и нивното влијание врз економијата.