Интимен концерт на „Фрајле“ во март во Филхармонија


Kористејќи ги своите три гласа, маркантната појава и различниот сензибилитет, членките на новосадскиот бенд  „Фрајле“ убедливо ја освојуваат публиката низ Балканот. Во 2024-та одбележуваат цели 15 години работа и по тој повод ја најавија својата балканска турнеја, а на нивната листа секако е и Скопје. Женското трио „Фрајле“ го најавија својот интимен концерт во „Македонска филхармонија“, на 16 март, следната година. 
 
Наташа, Невена и Јелена, познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „Војводинско танго” во овие долги години „музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.
 
Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба  и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.