Интер Мајами ја победи Некакса на пенали во Лига купот, Меси се повреди

Интер Мајами ноќеска ја победи Некакса на пенали во натпреварот од групната фаза на Лига купот (2:2, 5:4 — пен.).
Теласко Сеговија и Жорди Алба постигнаа голови за Интер, вториот постигна гол во 90+2 минута. Стрелци за мексиканскиот клуб беа Томас Бадалони и Рикардо Монреал. Интер Мајами беше попрецизен во изведувањето на пенали — 5:4.
Во 18-та минута, при резултат 1:0, тимот од Флорида остана со десет играчи откако дефанзивецот Максимилијано Фалкон беше исклучен. Во 60-та минута, при резултат 1:1, тимовите беа израмнети: дефанзивецот на Некакса, Кристијан Калдерон, доби втор жолт картон.
Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси, се повреди и беше заменет во 11. минута.
Во следниот натпревар од Лига купот, Интер Мајами ќе игра против Пумас на 7 август, додека Некакса ќе се соочи со Орландо сити истиот ден. зс/