Интелигенција што живее со вас: Bespoke AI за современиот дом
Современиот дом денес е повеќе од место за живеење, тој е одраз на стилот, навиките и ритамот на живот. Токму тука започнува приказната на Samsung Bespoke AI – линија премиум апарати создадени да функционираат како интелигентен екосистем, каде дизајнот и технологијата работат во совршена хармонија. Овие уреди не се само дел од домаќинството, туку активни сојузници што го поедноставуваат секојдневието и го прават поелегантно, поуредено и попаметно.
Bespoke AI Jet Ultra: врвна хигиена за дом што дише чистота
Чистиот дом е основа за чувство на мир и благосостојба, а правосмукалката Bespoke AI Jet Ultra ја носи хигиената на највисоко ниво. Оваа стик-правосмукалка со својот темен минималистички дизајн изгледа како природен дел од ентериерот, а не како апарат што кој го одлагате во собата за остава.

Зад нејзината тивка елеганција се крие моќниот HexaJet мотор со 400 W, кој без напор ја отстранува нечистотијата од секоја површина. Батеријата со автономија до 100 минути овозможува целосно чистење во еден потег, додека AI 2.0 режимот автоматски ја прилагодува моќта според подлогата – од тепих, до дрвен или тврд под.
Со сет внимателно дизајнирани четки – Active Dual Brush, Slim LED Brush+, ротациски чистач со спреј и специјален додаток за миленици – секој агол добива внимание, а домот останува беспрекорно чист, дури и во семејства со домашни миленици.
Дополнително, ХЕПА-филтрацијата ги задржува и најситните честички прав и алергени, создавајќи чувство на свеж воздух и вистинска хигиена што се чувствува со секој здив.
Bespoke Family Hub фрижидер: срцето на паметната кујна
Во кујната, Bespoke Family Hub фрижидерот ја презема улогата на дигитален асистент. Со својот 21.5-инчен Full HD екран, тој е повеќе од фрижидер – тоа е интерактивна табла за рецепти, календар, листи за купување и забава.

Вградените камери овозможуваат проверка на намирниците од каде било, додека напредните системи за ладење ја одржуваат храната свежа подолго. Сето тоа е обвиено во стилски, премиум дизајн што ја прави кујната модерна и функционална во исто време.
Bespoke машини за перење со AI Wash: интелигентна нега без компромиси
Грижата за облеката станува едноставна и прецизна со Bespoke машините за перење. Благодарение на AI Wash технологијата, машината автоматски ја одредува точната количина вода и детергент според типот и тежината на алиштата.
Со капацитет од 9 кг и A-55% енергетска ефикасност, овие перални се создадени за модерни семејства што сакаат совршено чисти алишта, помала потрошувачка и повеќе слободно време.
SmartThings и специјални понуди што го прават изборот уште полесен
Кога сите Bespoke AI уреди се поврзани преку SmartThings, домот станува целосно под ваша контрола – од телефонот или Samsung TV, каде и да сте.

А сега, премиум изборот доаѓа и со дополнителни придобивки:
- Промотивна понуда на Самсунг која трае до 31.12.25: за купување на одбрани модели на Bespoke фрижидери и машини за перење, добивање подарок микробранова печка
- За Bespoke AI Jet Ultra – Buy & Try понуда: купете и пробувајте ја правосмукалката 100 дена.
- Продолжена гаранција за вкупно 5 години на одредени модели на апарати, и тоа: дополнителни 3 години на постоечките 2 години гаранција за фрижидери, машини за перење алишта, вградувачки кујнски уреди, машини за сушење алишта и комбинирани машини за перење и сушење; и дополнителни 2 на постоечката една година гаранција на селектирани модели на стик правосмукалки.
Bespoke AI не е само технологија. Тоа е стил на живеење.
Дом што ве разбира, се прилагодува на вас и изгледа беспрекорно – секој ден.