Институтот за трансфузиона медицина има доволно крв


 Институтот за трансфузиона медицина информира дека располага со доволни количини на крв и крвни компоненти од сите крвни групи.

– Благодарение на континуираната поддршка од нашите хумани крводарители нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти. Во моментот нема потреба од вонредно дарување крв, се вели во информацијата од ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина.

Институтот за трансфузиона медицина изрази длабоко сочувство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа во Кочани.

– Ние продолжуваме да бидеме тука за сите потреби и да го дадеме својот придонес во обезбедување на медицинска помош за оние кои имаат потреба, се посочува во информацијата.