Индонензија стана членка на БРИКС
Индонезија, четвртата најнаселена земја во светот, стана полноправна членка на БРИКС, соопшти во понеделникот владата на Бразил, која го презеде претседателството со групата на 1 јануари.
„Бразилската влада, која претседава со БРИКС, (…) на 6 јануари го објави пристапувањето на Индонезија во организацијата како полноправна членка“, се вели во соопштението на бразилската влада.
Влезот на Индонезија во БРИКС беше одобрен од земјите-членки врз основа на консензус за проширување на организацијата, што беше одобрено на самитот во Јоханесбург во 2023 година. Апликацијата на Индонезија беше одобрена таа година, но беше наведено дека земјата ќе го заврши процесот на пристапување по претседателските избори. Прабово Субианто ја презеде функцијата шеф на индонезиската држава во октомври 2024 година.
„Индонезија, заедно со другите членови на групата, ги поддржува реформите на институциите на глобалното управување и дава позитивен придонес за продлабочување на соработката [меѓу земјите] на глобалниот југ“, додаде бразилскиот кабинет.
Во јуни 2024 година, Индонезија беше меѓу земјите што не го потпишаа последното коминике на мировниот самит – меѓународна конференција за мир во Украина. Документот исто така не беше одобрен од Индија, Јужна Африка и Саудиска Арабија. Бразил испрати само набљудувач на самитот, кој исто така на крајот одби да го потпише коминикето, а Кина одлучи воопшто да не учествува на настанот.