Индиски инвеститор ќе го купи шампионот во НФЛ, Сиетл Сихокс, за 9,6 милијарди долари


Индискиот 71-годишен технолошки инвеститор Винод Хосла ќе го купи шампионот во американската НФЛ, Сиетл Сихокс, за 9,6 милијарди американски долари.
Продажбата е договорена, но за да биде одобрена, потребна е согласност од најмалку две третини од екипите во НФЛ лигата. Гласањето е закажано за 26 август.
Сител Сихокс пред повеќе од 30 години беше купен од Пол Ален за 194 милиони долари, а по неговата смрт, сопственоста беше префрлена на неговата сестра Џоди, која одлучи да го стави на продажба во февруари, кога клубот ја освои титулата во НФЛ лигата, со победата од 29-13 во натпреварот од Супербоул против Њу Ингланд.
Станува збор за втора најголема продажба во спортската историја, откако лани НБА лигашот Лос Анџелес Лејкерс беше купен за 10 милијарди долари.
Пред официјално да се потврди купувањето, Хосла мора да го продаде својот помал удел во НФЛ клубот Сан Франциско 49ерс, бидејќи според правилата, едно лице не може да има сопственички удел во два клуба.
Хосла е рангиран на 217. место меѓу најбогатите луѓе во светот според најновото рангирање на „Форбс“.