„’Индекси’ и пријателите“ со концерт во Филхармонија


 

Во концертната сала на Филхармонија, в петок (28.10.2022) во 20 часот ќе се прослави 60-годишнината од основањето на култниот сараевски бенд „Индекси“. 

Најавениот концерт го носи името „Индекси и пријателите“, а самиот концерт е дел од регионалната тура, во организација на компанијата „Мјузик тајм“. Од различни краеви на светот ќе се соберат живите членови на бендот: Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Мирослав Шарановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на „Бијело дугме“ кој музичката кариера ја започна во Индекси, и гитаристите Мурис Варајиќ и Иван Кукиќ.

„На сцената нẻ очекува спој на поискусни и на млади пејачи, но сите со одлични вокални квалитети: Дадо Топиќ, Хари Мата Хари, Зоран Предин, Нено Белан, Бранко Ѓуриќ-Ѓуро, Дино Јелушиќ, Нермин Пушкар, Бојана Стаменова, Амел Чуриќ, Тамара Тодевска и Дејан Цукиќ. Индекси е најдолготрајната и најзначајната босанска поп-рок група и една од најдобрите екс-ју бендови која жареше и палеше од 1962 до 2001 година“, информираат од организацијата.