Инцидент во Грац: Пронајден сомнителен предмет – евакуирани училиште, градинка и јасли


Во средата, полицијата мораше привремено да го евакуира училиштето во населбата Гриз „Тристер“ во Грац.

Пред училиштето е пронајден сомнителен предмет, поради што е наредена евакуација. „Операцијата е сè уште во тек“, потврди полицијата.

Тие истражуваат дали предметот, или поточно торбата, навистина претставува закана.

Евакуирани се  една градинка и јасли во областа, како и еден центар за попладневна грижа. Ова се однесува на неколку стотици деца и нивните семејства, објавува „Клајне Цајтунг“.

„Многу деца веќе се однесени дома, а другите се добро згрижени. Сè е многу добро организирано“, вели канцеларијата на градскиот советник за образование, Курт Хоензинер.

Дали нападите се поврзани?

Сè уште не е јасно дали овие мерки се поврзани со нападот врз средното училиште во Грац – но во моментот тоа е малку веројатно. Училиштето засега не сака да дава изјава.

Австрија е во  шок од вторникот која 21-годишниот вооружен напаѓач уби десет лица и рани 12 пред да изврши самоубиство. Полицијата е во состојба на зголемена готовност.