Има ли „Алказар енерџи“ одобрение за градба, прашува СДСМ

Наместо да се искористи за стабилизирање на енергетскиот систем и поевтина струја за граѓаните и компаниите, македонскиот ветер ќе полни приватни џебови, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ од прес-конференција на потпретседателот на партијата, Методија Илиевски.
Според СДСМ, Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика.
“Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција – фактите говорат нешто сосема поинаку, изјави Илиевски.
Според него, моделот на „Алказар Енерџи“ е јасен: развиј, изгради и продади., при што посочи дека тоа се случило со нивниот прв фонд – проектите развиени на Блискиот Исток беа продадени 100% на кинески државен конзорциум.
“Пред една година од ВМОР-ДПМНЕ тврдеа дека паркот ќе обезбеди струја за 100.000 граѓани. Сега Мицкоски смени лента, од собраниска говорница најавува дека странска компанија ќе ја откупува струјата. Па, кого навистина ќе снабдува овој проект – народот или приватниот купувач, праша Илиевски.
Тој додаде дека Случајот Алказар Енерџи отвора и серија прашање за тоа дали има одобрение за градба на овој ветерен парк или не?
“СДСМ бара јавно да се објави органот кој го издал одобрението за градба и кога истото станало правосилно ако воопшто го има”, рече потпретседател на СДСМ .