Има 26 приговори за парламентарните избори


Фото: Б. Грданоски

 

До истекувањето на законскиот рок во ДИК пристигнале вкупно 26 приговори за парламентарните избори. Девет од нив се од коалицијата „Вреди“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.  Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, денеска изјави дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

Некои од тие приговори, доколку бидат усвоени можат да донесат промени во распоредот на мандатите, како на пример во Петтата и Шестата изборна единица.