Им плаќаат за да одат со велосипед на работа

Сѐ повеќе земји им плаќаат на своите граѓани да одат со велосипед на работа, нудејќи им во замена зголемен неданочен дел од платата..Тоа е пракса која веќе ја спроведуваат земји како Холандија, Белгија, Велика британија, Данска или германија.
Во многу случаи на урбани рути по кои секојдневно луѓето се превезуваат со автомобил, а лесно може да се поминат со велосипед, што во многу градови со нерамен терен се решава со електрична помош.
Оваа пракса, која со пандемијата стана попопуларна, во некои земји е наградена со економско поттикнување.
Праксата на вработените кои доаѓаат на работа со велосипед да им се плаќа дополнително почна во 2014 година, во неколку европски земји со цел да се намали загадувањето и потрошувачката на гориво, и да се подобри здравјето на лушето.
Повеќето програми кои ги воспоставија владите се во вид на даночни поттикнувања, па така на вработените им се исплаќа дополнителен износ на основната плата, во облик на неданочен дел од заработката.
Тие програми беа толку успешни што со време се проширија. Белгија го зголеми на 0,25 евра по километар, па така за пат од 10 километри, годишно се собираат 1.200 евра повеќе на платата.
Дополнително што тука не е пресметана здравствената придобивка за оној кој вози велосипед.
Но, Белгија не е единствена што ја нуди оваа погодност за патување на работа со велосипед. Според Светскиот стопаснки форум Холандија нуди слична програма, Велика Британија оди и чекор понатаму.
Британските велосипедисти кои на пат до работа користат свој велосипед добиваат 0,23 евра по километар, а покрај тоа постои и програма за поттикнување за изнајмување велосипед, како можност и купување облека и опрема за бициклизам со попуст.
Луксембург пак, дава околу 300 евра за купување електричен велосипед за одење на работа.