Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови

Десетици илјади домови и деловни објекти во Ирска се без струја и вода поради екстремниот студ што ја зафати целата земја, јави ДПА.
Ниските температури предизвикаа затворање на училишта, ограничувања во јавниот транспорт и откажување на здравствени услуги.
Ирската електродистрибуција (ESB) соопшти дека 41.000 корисници се без електрична енергија и дека може да бидат потребни денови за целосно обновување на снабдувањето. Ирската водоводна служба информира дека приближно ист број лица немаат вода поради обилните снежни врнежи во југозападниот дел на земјата.
Snowfall in Glencullen,Co.Dublin at 11am today.. pic.twitter.com/Hvm2ZxJCcd
— Padraig O’Reilly Photojournalist (@padraig_reilly) January 5, 2025
Метеоролозите најавуваат уште поладни ноќи со температури до -8°C, а метео-алармот за ниски температури е во сила до четврток.