И Скопје има интересен концепт за уживање во квалитетно вино: Мало катче со автограми од холивудски ѕвезди

Wine Berry е место каде виното добива вистинска вредност, а една дегустација станува животно искуство


Сместен во самото срце на градот, на аголот каде се вкрстуваат урбаната динамика и центарската смиреност, салонот за вино Wine Berry веќе две години создава поинакви приказни. Освен атрактивно катче за попладневни собири, што Wine Berry стана во изминатиов период со организирани средби, дегустации на вино после работа, интимни собири со повод и причина, овој вински салон си изгради повисока и поблагородна мисија.

Посебноста на Wine Berry произлегува од изградениот концепт, во пријатна атмосфера да понуди повеќе од 200 вински етикети, од странски и домашни винарии, стручната консултација, дегустација и сугестија што купувачот може да добие. Во Wine Berry може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка, Калифорнија, Португалија, Шпанија, Аргентина. Но, многу поважно, во Wine Berry е собрано винското богатство на Македонија, преку застапеноста на вината од македонските семејни винарии. Во понудата на Wine Berry се застапени 36 македонски семејни винарии, некои со традиционални сорти, други автохтони, органски или уникатни мешавини.

Произлезено од визијата на сопственичката, Јадранка Клариќ Кимовска, долгогодишен вински работник со меѓународно искуство и вински витез во Македонија, Wine Berry стана и најголемиот промотор на малите семејни винарии.

Но, прво започна приказната за Wine Berry, затоа што за да се поддржат и прошират приказните на малите семејни винарии, прво требаше да се изгради идејата за овој вински салон. Wine Berry е место каде виното добива вистинска вредност, а една дегустација станува животно искуство. Со секоја голтка вино следи приказна, факти, слика за виногорје облеано со сонце и здравица. Плус, може да уживате во фотографии со автограми од холивудските ѕвезди кои го красат ѕидот ненаметливо, ама толку силно за љубителите на златната ера на Холивуд. 

 

Досегашните гости посведочија дека во Wine Berry се организираат најдобрите и најквалитетните дегустации на вина, затоа што освен големиот избор вина преку направената селекција според преференции, гостинот уште добива и информација за потеклото, сортата, винаријата, за основните ноти, за храната со која се препорачува, што да бара и што да добие од виното. Вината се достапни за дегустација на чаша и за купување во оригинална амбалажа и тоа по пристапни цени.

Откако оваа приказна живее и расте веќе две години, Wine Berry стана промотор на малите семејни винарии на начин што ја зголемува свесноста за нивната бројност, понудата, уникатноста но за значењето за домашната економија.

Покрај преку својата работа и претставувањето на вината надвор од Македонија, од страна на сопственикот Клариќ Кимовска, на саеми и други вински настани поддршката е и преку учество во проект за домашен туризам.

Wine Berry стана дел од проектот на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ која континуирано работи на развојот на активниот туризам во земјава. Со овој проект, се поддржуваат малите македонски семејни винарии и нивното поврзување со национални тур-оператори во насока на зголемен економски развој.

Во овој проект Wine Berry и Sherpa Horse Riding, заедно создаваат уникатна и автентично македонска понуда, јавање коњи низ недопрената природа на Бистра и Стогово каде што страста за јавање коњи се спојува со убавината на виното и се дополнува со ново, уникатно искуство – дегустација на македонски вина. На овој начин не само што се претставуваат македонските винарии пред светот, туку и се поттикнува свеста за заштита на животната средина и одржливиот пристап во туризмот. Понатаму промоцијата на малите семејни винарии продолжува преку заедничкото претставување на интернационални саеми, како што е Wine Vision by Open Balkan, аплицирање за наградување на вината, организирани посети и дегустациски тури, како и други типови промоција преку различни комуникациски канали достапни за јавноста.