И по 10 години од смртта, Мајкл Џексон предизвикува внимание


По шокантниот документарен филм „Напуштањето на Недојдија“, во кој Мајкл Џексон постојано е обвинуван за педофилија, се појавија нови, шокантни детали за пејачот. Овој пат тие се однесуваат на неговата смрт во 2009 година.
Деталите се претставени во новиот документарец за Мајкл Џексон, во кој тројца детективи го откриваат текот на истрагата, откако беше потврдено дека пејачот починал во својот дом на 25 јуни 2009 година.
Многу дебати покрена веста за неговата смрт, за која во 2011 година беше осуден на две години неговиот приватен лекар Конрад Мареј, поради неовластена комбинација и дозите лекови кои тој му ги дал на Мајкл.
Мареј ја отслужува казната, а сега детективите Орландо Мартинез, Дан Маерс и Скот Смит откриваат што пронашле во собата во која Мајкл Џексон е пронајден мртов, според британското издание на „Метро“.
„Имаше забелешки, парчиња хартија, залепени насекаде низ собата, огледалата и вратата со кратки слогови и изрази“, раскажуваат тие и додаваат дека спалната соба била во целосен хаос и дека некои од овие натписи биле како текст на песни.
„Кога влеговме во собата каде што Конрад го лекуваше Мајкл, на креветот најдовме компјутер, шарена кукла и слики на бебиња како оние од рекламите“, додаваат тие.
Детективите, исто така, велат дека собата не личела на таква во која некој се лекува, но и дека ја нашле чантата на д-р Мареј во која бил лекот, за кој се смета дека го убил Мајкл.
Џексон почина пред точно 10 години, но сè уште предизвикува внимание во светската јавност и ги полни таблоидите со насловни страници.