И болниците во Москва се преполни со заболени од корона вирус


На улиците на Москва има ретки минувачи (Фото: Ројтерс)

Со 13.584 потврдени случаи градоначалникот на Москва изјави дека заразата веројатно е само во подножјето и е далеку од врвот

 

Москва – Кремљ во саботата соопшти дека „огромниот прилив“ на пациенти со корона вирус почнува да ги погодува болниците во Москва, додека бројот на загинати во Русија се искачи на повеќе од 100.

Москва и многу други региони се затворени речиси две недели за да спречат зараза, но болниците во главниот град се исполнети до нивната граница, рекоа официјалните лица.

Во саботата, сведок на Ројтерс забележа дека има голем број возила на брза помош кои чекаат во колона пред болницата која ги лечи болните од корона вирус за да ги предадат пациентите.

Еден возач на брза помош рече дека чекал 15 часа надвор од болницата за да предаде пациент сомнителен на вирусот.

„Ситуацијата и во Москва и во Санкт. Петербург, но претежно во Москва, е многу напната затоа што бројот на заболени лица расте“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за државната телевизија, пренесуваат руските новински агенции.

„Има огромен прилив на пациенти. Гледаме дека болниците во Москва работат екстремно интензивно, во херојски итна ситуација“.

Центарот за одговор на корона вирусот во Русија соопшти дека болниците ги преземаат сите можни мерки за да обезбедат брз прием и дека случаите од брза помош, кои треба да чекаат часови за да ги остават пациентите, не се системски проблем.

Русија пријави 13.584 случаи на инфекција од вирусот, а властите во саботата соопштија дека има 12 нови смртни случаи поврзани со корона вирусот со што бројот на загинати се искачи на 106.

Песков додаде дека ќе стане појасно во наредните неколку недели дали земјата се приближува до врвот на заразата.

Сергеј Собјанин, градоначалник на Москва, во петокот рече дека градот е далеку од доаѓање до врвот на заразата, велејќи дека таа веројатно е на неговото „подножје“.

Во саботата, тој рече дека Москва ќе воведе дигитални дозволи следната недела за контрола на движењето низ градот, за да помогне во спроведувањето на заклучувањето.

Собијан додаде дека жителите треба да бидат подготвени да ги презентираат документите за идентификација и нивната дигитална дозвола на службениците за спроведување на законот кои патролираат во градот.

„За жал, ова е неопходност“, напиша Собјанин на својата веб-страница. „Потребно е да се заштитат животите и здравјето на многу московјани, да се надмине оваа несреќа и да се вратиме во нормален живот“.

Посилно полициско присуство беше видливо на улиците на Москва. Сообраќајната полиција постави контролни пунктови на поголеми автопати на периферијата на градот, но не вршеше систематски проверки.

Во раните фази на епидемијата, Русија забележа помалку случаи на новиот корона вирус од многу земји од Западна Европа, но бројката почна нагло да се зголемува овој месец.

До крајот на март, официјалните лица велеа дека ситуацијата е под контрола и дека нема епидемија во земјата. (Ројтерс)