Хуманитарна предновогодишна забава во „Капитол мол“
Општина Аеродром, Capitol Mall и Ротари клуб Аеродром ве покануваат на хуманитарна предновогодишна забава, која ќе се одржи на 27 декември (сабота) со почеток во 11 часот.
За најмладите подготвивме богата и весела програма:
– настап на детскиот хор „Поточиња“
– танчерска изведба на Балетското студио „Лебед“
– музички настап на Пајак
Настанот е од хуманитарен карактер и има за цел да донесе радост и да придонесе за подобро секојдневие на децата, преку собирање средства за дечињата со атипичен развој од здружението „Ареола“- Аеродром.
Од општината ги канат сите да им се придружат и заедно да создадат незаборавни моменти и насмевки за сите деца!