Хрватските маркети речиси празни – граѓаните ги бојкотираат поради високите цени


Хрватските граѓани се одлчија на несекојдневен бојкот, да не купуваат денеска ништо во големите маркети, а сѐ што им треба да надополнат од малите трговци. На овој чекор се одлучија поради сѐ повисоките цени на производите, а платите остануваат исти. 

Новинарите од повеќе редакции утрово посетиле поголем број големи маркети, во кои немало потрошувачи, некаде луѓето доаѓале само да рециклираат пластични шишиња, а во некои продавници, што вообичаено се полни со луѓе, имало само неколкумина за половина час.

Еден пензионер вели дека го поддржува бојкотот, што се организираше преку социјалните медиуми, но дека сепак, му треба леб.

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива што започна во Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, која е поддржана од Европскиот центар за потрошувачи. Excellence (ECIP) е поддржан од компании за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од самиот министер за економија.

Оваа иницијатива започна со пораки кои беа споделени на социјалните мрежи во последните денови. „На 24 јануари во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден. Обезбедете се за тој ден како да е недела“, се вели меѓу другото во пораките.

Според фотографиите кои ги објавија хрватските медиуми, нема потрошувачи во супермаркети, во пекарници, на безнинските и слично.

Продавниците на„Лидл“, „Шпар“, „Конзум“ се отворени, но во нив нема луѓе кои купуваат.

Келемен: Луѓето покажаа дека можеме да се обединиме околу еден проблем
Советникот на здружението на потрошувачи Ало, инспекторот Јосип Келемен утрово даде изјава за ХРТ во врска со бојкотот на продавниците.

„Потрошувачите за прв пат во историјата на Република Хрватска се организираа и сакаат да покажат што мислат за поскапувањата и инфлацијата. За прв пат испраќаат силна порака и сакаат нивниот глас да се слушне“, изјави Келемен.

„Додека доаѓав видов главно празни продавници, веројатно затоа што е рано наутро. Денеска бојкотираме сѐ што можеме, да се обидеме да ги бојкотираме продавниците, пекарите, бензинските пумпи каде што можеме…“

„Покажавме дека Хрватска може да се обедини околу една тема, околу еден проблем. Потрошувачите рекоа дека им е преку глава од поскапувањата, инфлацијата.“

„За почеток мора да се активираат агенциите, министерствата, јавните власти кои мора да анализираат што доведе до ненормални поскапувања што ги гледаме секојдневно. Луѓето станаа арогантни и сакаат да заработат пари на сметка на секој наш потрошувач, а ако не заработат, тогаш ќе создадат недостиг. Тоа е грубо и подмолно. Хрватите немаат навика да бојкотираат, штрајкуваат и да го изразуваат своето незадоволство. По ова ќе анализираме каков беше одговорот, дали успеавме да ги мобилизираме граѓаните и потрошувачите“, вели тој.

Новинарите и вчера ги обиколиле продавниците пред бојкотот, за да видат дали луѓето купуваат повеќе производи од вообичано, но не забележале невообичаен метеж.