Хрватски газда изгради станови за своите вработени
Мијо Пашалиќ, сопственик на компанијата „Апфел“, во Макарска изгради две згради, во кои становите може да ги откупат вработени во неговата компанија по половина цена, пишува „Вечерњи“.
Становите се наменети за оние работници кои немаат решено станбено прашање. На тој начин Пашалиќ го реши егзистенцијалното прашање за 13 вработени.
„Денеска одбележуваме 25 години од „Апфел“. Ова е семејна компанија, а сите ние, вело семејство имаме правило за однесување и работење, па многу враќаме на заедницата, односно на Макарска и Макарска ривиера. Тука функционираме, тука остваруваме профит и сметаме дека е нормално дел и да вратиме“, вели тој.
Помагајќи во областа на културата и спортот, тој дошол на идеја да направи нешто и за своите работници.
Вели дека Макарска е скапа за купување стан, па многумина иако работат и заработуваат не можат да си приуштат стан.
Решил за своите работници да изгради згради. Местото го купил за 250 евра по квадрат, а становите може да се откупат по цена од 650 до 950 евра, иако таму недвижностите чинат по 1.450 евра квадрат.
Веќе потпишале договори со работниците кои станаа сопственици на станови од по 60 метри квадратни, а компанијата има акциа за уредување на околината.
Узловите по кои работниците можат да купат од овие станови се едноставни.
„Прв услов е да се квалитетни работници, а втор да немаат решено станбено прашање. Тоа се главните два услова, а потоа доаѓаат годините стаж и број на членови во семејството. Се пријавија 26 работници, а ние досега одбравме 13 семејства.Имавме неколку нивоа на разговор и дојдовме до сликата кој навистина има проблем со сместување и кому му треба помош“, вели извршниот директор Матко Пашалиќ.
Мијо знаел дека ќе има проблеми со реализацијата на планот, но не толку.
„Луѓето имаа големи проблеми, многумина беа задолжени. Банките се ужасно крути во пристапот и Матко и јас разговаравме со две банки дојдовме до камата од 1,99 и 2 отсто, а потоа се соочивме со проблем дека повеќето од 13 одбрани работници веќе беа задолжени во банки и кредитно неспособни. Тогаш им помогнавме да ги елиминираат старите долгови, а на некои им ги зголемивме платите. Прво одлучивме цената за квадрат да биде 950 евра, но некои добија и олеснување со намалување на цената за да може да ги враќаат кредитите“, вели Пашалиќ.
Теренот го купиле пред две години, а градбата почнала лани, пред пандемијата.Сега се е готово, а луѓетовеќе ги опремуваат своите недвижности за кои веќе имаат имотен лист.
Според договорите, кредитите ќе ги враќаат во следните 15 години, а ратата е 150 до 250 евра, што е поевтино отколку да живеат под кирија.
На работниците не им се поставеи никакви други услови освен да живеат во становите, а ако одлучат да ги продадат прво да ги понувдат на „Апфел“. Не им е поставен услов ни да останат да работат во фирмата.
„Некои работници кај нас се повеќе од 13-13 години, па ако им било добро досега, веруваме дека ќе останат и понатаму“, вели Матко.