Хрватска во шок по смртта на Маја Тедески, истакната архитектка и сопруга на милионерот Емил Тедески

Загреб– Хрватска е таѓна по смртта на истакнатата архитектка Маја Тедески (61), сопруга на милионерот Емил Тедески, сопственик и основач на Атлантик групата, еден од најбогатите во регионот, пренесе Јутарњи лист. Зад себе остави две деца и значајни архитектонски достигнувања.
Маја Тедески беше препознаена по нејзината креативност и иновативен пристап кон архитектурата и остави трајно влијание врз професијата.
Родена е во мај 1964 година, дипломирала во 1989 година на Архитектонскиот факултет во Загреб и го основала архитектонското студио 180. Нејзиниот стил на работа бил едноставен, чист, дискретен, минималистички, а сепак преку таа дискреција постигнала многу во дизајнот.
Хрватска ќе ја памети Тедески и како јавна личност со впечатлив и уникатен стил на облекување.