Хрватска се разбуди под снег – завеани автопатишта
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/o_28830965_1024.webp)
Во Хрватска стигна промената на времето, а уште од рано утрово снег паѓа во Горски Котар, каде се очекува висината да достигне 40 сантиметри. Снег почна да вее и во главниот град Загреб.
Низ целата земја се очекува дожд, а во текот на денот на копното да преминува во снег. Во горскиот дел снежната покривка ќе биде највисока, а во останатиот дел тенок слој ќе ја забели земјата.
Метеоаларм има за целото крајбрежје, како и во Лика и Горски Котар, каде се очекуваат снежни навеви и можни поледици.
Поради зимските услови, нема пат кој е отворен за тешки товарни возила кон Риека, Истра и Далмација.
Делови од автопатот А1 се забранети за сообраќај, а забрани за движење на возила има и на повеќе помали патишта.
Патот А6 од Риека до Загреб е затворен на неколку места, а возилата се пренасочуваат по алтернативните помали патишта.
Утре доаѓа до стабилизирање на времето, со делумно сончеви периоди и на Јадранот и во внатрешноста, а температурата ќе се искачи до 13 степени.